FR
Feltöltés
736

Feliratkozási beállítások

Betöltés…

Betöltés ikon Betöltés...

Folyamatban...

tracker2can

КОНТРАБАНДА: Порака до ОБСЕ

659 megtekintés 1 éve
КОНТРАБАНДА: Порака до ОБСЕ
Здружение на бранителите од Куманово 2001
KONTRABANDAfilms
Реакција на кумановските бранители од 2001 година: Не сме заборавиле да пукаме!
Кумановските бранители денеска остро ги осудија последните провокации од страна на Албанците во Македонија по повод прославата на албанското знаме и повиците на радикалните структури за остварување на сонот за „Голема Албанија".
„Со сета почит кон чувствата на етничката заедница на Албанците, по повод нивната прослава од 100 години независна албанска држава, ние кумановските бранители, најостро и со полно право реагираме на повиците од страна на радикалните елементи од албанската етничка заедница за создавање 'голема Албанија' и повторно земање оружје за остварување на таа нивна утопистичка цел".
Според бранителите, секојдневно се вршат провокации и малтретирање на граѓаните на Република Македонија, со намера да ги заплашат и да покажат колку се силни и единствени.
„Кумановските бранители во 2001 година докажаа дека не се плашат да го дадат и својот живот за Македонија, и седуммина од нас, вечна им слава, загинаа во борбите за одбрана на територијалниот суверенитет и интегритет на државата. Имаме потполна доверба во институциите на Република Македонија, кои на свој начин одговараат на овие провокации. Сигурни сме дека вооружените сили на Р Македонија се добро подготвени и спремни да одговорат на секој предизвик. Ние, кумановските бранители, сме подготвени на секој повик на Р Македонија како доброволци да застанеме во првите редови за одбрана на Република Македонија и на нејзините граѓани".
Бранителите уште еднаш ја потврдија својата поддршка за донесување на законот за бранителите и апелираат да престанат лицемерните игри од страна на опозицијата:
„Дали со цел евтино собирање политички поени, опозицијата работи на агендата на пратеникот Тито Петковски, кој јасно и недвосмислено порача дека бранителите и припадниците на ОНА треба да се изедначат со закон? Кумановските бранители јасно порачуваат -- Не сме заборавиле ништо од 2001, а најмалку како се пука", се вели во реакцијата на бранителите од Куманово, чиј претседател е Предраг Петрушевски Бинго.
http://www.mkd.mk/79246/mak... Kevesebb megjelenítése
Bővebben
Betöltés…
Folyamatban...
, ha hozzá szeretnéd adni a Megnézendő videókhoz

Hozzáadás