Архимандрит Партениј, старешина во манастирот "Св. Јован Крстител - Бигорски манастир", е добитник на наградата "4 Ноември" за животно дело.
Оваа награда на архимандрит Партениј, кој е роден во Битола, а кој неколку години е старешина на манастирот "Св. Јован Крстител - Бигорски манастир" му е доделена за неговата ангажираност и борбата против пороците на денешницата, особено дрогата од која страдаат младите.
Управниот одбор на Фондот за доделување на наградата "4 Ноември" за 2011 година, откако во понеделникот ги разгледа сите пристигнати предлози одлучи, покрај наградата за животно дело, да додели и 4 поединечни награди за годишни остварувања.
Добитник на наградата за годишни постигнувања е приватната специјална болница за гинекологија и акушерство "Плодност" од Битола, сопственост на д-р Таше Трпчевски, која пред извесно време беше свечено отворена во Битола и која е една од најсовремените и најопремени приватни болници во југозападниот регион на Македонија.
Управниот одбор на Фондот за доделување на четвртоноемвриските награди на Битола за оваа година одлучи покрај на "Плодност" да му додели награда и на Фестивалот за сериозна музика "Интерфест", кој годинава слави 20 години од своето прво издание.
Третата поединечна награда му припадна на карикатуристот на Битолски весник, Блаже Докулевски, кој годинава слави 40 години творештво. Блаже Докуле има објавено над 25.000 карикатури и е добитник на бројни домашни и светски награди и признанија во областа на карикатурата.
Чевртоноемвриска награда доби и м-р Елена Гроздановска, која последните 15 години ги посвети на афирмацијата на човековите права, а Комисијата за еднакви можности во Македонија ја афирмира со формирањето на првата комисија за еднакви можности, која го изготви и првиот акционен план за родова рамноправност.
http://www.informator.ws/bi...За отец Партениј - група на фејсбук
http://www.facebook.com/gro...Архимандрит Партениј добитник на наградата за „животно дело" на општина Битола
http://www.bigorski.org.mk/...Свечено доделување на наградите 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола
сала на Народниот театар во Битола 2011 Тера телевизија
Show less